Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава збогатена со музика. Овој пат присутните верници од Коњско, Охрид и околните места ги забавуваше фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Денес во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

За многу години празникот!

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

WebOhrid