ЈП „Охридски Комуналец” денес изврши чистење на дел во езерото кај градското пристаниште. Поради оддалеченоста од градскиот кеј и непристапноста, беше ангажиран чамец, од кој екипите извршија сечење на пораснатата алга (реса), која прикажуваше грда слика на површината, а потоа собирање и нејзино депонирање. Оваа акција беше спроведена со претходна соработка и налог со општинскиот инспекторат.