Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како дел од владината делегација предводена од Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, денеска (23.07) во Сараево, оствари средба со Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ.
На билатералната средба министрите ја истакнаа успешната и континуирана соработка во областа на внатрешните работи на двете земји, како и потребата од развивање на регионална соработка на полето на организираниот криминал.
Освен тоа на билатералната средба се разговараше и за можноста за потпишување на договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за патување со лични карти за граѓаните. Министрите исто така ја потврдија и подготвеноста на двете страни за потпишување на договор за взаемно признавање на возачките дозволи кое е договорено за средината на септември годинава, кога ќе се реализира наредната посета на Министерот Спасовски на Босна и Херцеговина.