На лично барање за повлекување од функцијата на досегашниот В.Д. директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Елена Скрческа, градоначалникот Никола Бакрачески според своите законски овластувања и надлежности, за нов В.Д. директор на ЈП „Охридски комуналец“ го именува Александар Китески.
Александар Китески е дипломиран правник со долгогодишно искуство во областа на правните работи, до сега вработен во Секторот за правни работи на Општина Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески, во свое лично име и во име на Локалната самоуправа, упатува благодарност до директорката Скрческа, за досегашната нејзина посветеност на проектите и заложба во Ј.П. „Охридски комуналец“.