Охрид и Авалон продукција испишуваат историја

Охрид годинава дефитивно ќе стане пшрепознатлива дестинација на светската музичка мапа, со врвниот перформанс на најуспешниот и најпопуларен DJ на денешницата, Hardwell, кој ќе се случи на 02.08.2017 година, на градскиот стадион, во рамките на второто издание на Ohrid calling, под организаторската палка на Авалон продукција.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.

Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Rihanna, Coldplay, Ellie Goulding, 30 seconds To Mars. Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Hardwell му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.

Во последниве неколку години, Hardwell е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент.

Настапот на Hardwell ќе стартува во 21.00 часот.

Цената на индивидуалните влезници за настапите на двајцата музички магионичари изнесува 1000 денари за партер, 1500 денари за Фан Пит , 1500 денари за ВИП и 2000 денари за Ултра вип, додека пак блок влезниците за двата фестивалски денови изнесуваат 1500 денари, блок влезница за партер и 2500 денари за блоки влезница за Фан Пит. Влезниците може да се набават на продажната мрежа на www.kupikartizase.

Инаку од оваа година, фестивалот OHRID CALLING ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 01 до 02-ри август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа.