Државјанка од Германија повредена во сообраќајка кај Мислешево

Вчера во 14:30 часот во Струга, на крстосница од магистралниот пат А2, со локалниот пат за с.Мислешево и локалниот пат за „Еуро Хотел“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(75) од с.Лескоец, патничко моторно возило „Пежо“ исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(56) од с.Ресен, со постојано живеалиште во Р.Германија, и патничко моторно возило „Јагуар“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(45) од с.Лабуништа.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Пежо-то“ Н.Е.(48) од Р.Германија, по што со возило на итна медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ каде и е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица-Струга.