Во периодот од 23 до 29 Јули 2017 година, во Ѓер, Унгарија се одржува Европскиот олимписки младински фестивал. На овој спортски настан за спортисти до 18 години, Македонскиот олимписки комитет учествува со следната, млада, олимписка делегација:
1. Арбреша Реџепи – Џудо (категорија -48 кгр)
2. Хамза Јашари – Џудо (категорија -66 кгр)
3. Еди Шерифовски – Џудо (категорија -73 кгр)
4. Горан Мицковски – Џудо (тренер)
5. Ана Јаневска – Пливање (дисциплина 50 и 100 метри слободно)
6. Андреј Шелезенев – Пливање (тренер)
7. Владимир Богоевски – Шеф на делегацијата.
ЕМОФ е олимписки (летен и зимски) фестивал во организација на Европските олимписки комитети и се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. Првиот летен ЕМОФ е одржан во 1991 година во Брисел (Белгија), а 1993 година следеше и првото издание на Зимскиот ЕМОФ.
Инаку градот Ѓер има околу 130,000 жители, а за овие игри Владата на Република Унгарија одвои околу 38 милиони евра. Изградени се три нови спортски објекти, а реновирани 11 (единаесет).
Во Ѓер ќе настапат повеќе од 3000 спортисти од 50 европски земји, кои ќе се натпреваруваат во 10 спорта, а 1200 волонтери ќе дадат соодветна помош за одличната организација на овој спортски натпревар на европските млади спортисти.