Кривични пријави за сопствениците од Мороишта ако не ја дадат живината за уништување

Денес ќе бидат одземени, заклани и отстранети птиците од сопствениците кои вчера се спротвставиле и не дозволиле одземање на живината.Против сопствениците на птици кои нема да се одзват на повикот на Агенцијата за храна и ветеринарство и ќе се спротивстават на одземањето на живината ќе бидат поднесени кривични пријави за ширење на заразна болест согласно законските прописи.

По завршивање на акцијата за одземање, уништување и нештетно отстранување на живината, во селото Мороишта ќе биде спроведена целосна дезинфенција.

Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека детектираниот вирус на Птичји грип во селото Мороишта не е опасен по здравјето на луѓето, туку само за птиците.

Целосното уништување на птиците е единствен начин за сузбивање и спречување на ширење на вирусот. Стручни тимови на Агенцијата вршат мониторинг на птиците и во соседните села и постојано се земаат мостри за лабораториско испитување.

По завршување на активностите за сузбивање и спречување на ширењето на болеста Птичји грип во струшкото село Мороишта, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи прес конференција на која ќе ја информира јавноста за преземените мерки и за состојбата со болеста.