Во Струга свечено ќе биде отворен „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” на 25 јули во 11:00ч на кејот на Црн Дрим (во близина на Мостот на Поезијата). Фестивалот ќе го отвори Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и градоначалникот на Струга Мустафа Забзун. Почетокот ќе биде означен со колективно скокање во реката Црн Дрим.
Фестивалот се состои во два дела – денски и вечерен. Денскиот дел ќе се одвива во Паркот на Поезијата каде ќе можете да се приклучите на следните активности: Изработка на Мозаик, Детско Ликовно Катче, Фото Катче, Стари Занаети. Вечерниот дел содржи видео презентации, ДЈ сетови, и Drum Circle – Музичка Работилница.
На настанот се добредојдени сите граѓани од Струга, Вевчани и околината, кои сакаат да живеат тука, кои веруваат дека соживотот и соработката е вистинскиот избор за нашиот регион и кои се спремни да го дадат својот придонес вклучувајќи се во нашите активности во следните три години.
„Овој настан е дел од нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење. Сите овие активности се распоредени во периодот од јануари 2016 до јануари 2019. Повеќе информации ќе може да најдете на: www.ldastruga.org и www.facebook.com/ldastruga или www.creativeactive.org и www.facebook.com/Social-Club-Kombinati.“ – велат од Локална агенција за развој од Струга.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.