Утре во Струга ќе биде отворен фестивалот „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival”

Во Струга свечено ќе биде отворен „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” на 25 јули во 11:00ч на кејот на Црн Дрим (во близина на Мостот на Поезијата). Фестивалот ќе го отвори Амбасадорот на ЕУ,  Самуел Жбогар и градоначалникот на Струга Мустафа Забзун. Почетокот ќе биде означен со колективно скокање во реката Црн Дрим.

Фестивалот се состои во два дела – денски и вечерен. Денскиот дел ќе се одвива во Паркот на Поезијата каде ќе можете да се приклучите на следните активности: Изработка на Мозаик, Детско Ликовно Катче, Фото Катче, Стари Занаети. Вечерниот дел содржи видео презентации, ДЈ сетови, и Drum Circle – Музичка Работилница.

На настанот се добредојдени сите граѓани од Струга, Вевчани и околината, кои сакаат да живеат тука, кои веруваат дека соживотот и соработката е вистинскиот избор за нашиот регион и кои се спремни да го дадат својот придонес вклучувајќи се во нашите активности во следните три години.

„Овој настан е дел од нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење. Сите овие активности се распоредени во периодот од јануари 2016 до јануари 2019. Повеќе информации ќе може да најдете на: www.ldastruga.org и www.facebook.com/ldastruga или www.creativeactive.org и www.facebook.com/Social-Club-Kombinati.“ – велат од Локална агенција за развој од Струга.

Проектот е финансиран од Европската Унија.

Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.