Обраќање од охридскиот екологист по повод изградбата на регионална депонија во Југозападниот регион

Посетата на словенечкиот Евро–амбасадор во Р. Македонија, Семуил Жбогар на градот Струга и неговиот апел до локалната власт на Струга за прифаќање на финансиските средства од ЕУ за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион во атарот на струшкиот дел.

Почитувани претставници на политичките партии од Р. Македонија, независно од етничката припадност.

Почитувани претставници на централната власт на РМ, почитуван Премиер Заев, почитувани Министри за животна средина, земјоделие и локална власт, почитувани градоначалници на Струга, Охрид, Дебрца и целиот Југозападен регион.

Јас, како експерт по аграр и екологија и докажан екологиста, од стручен, научен и еколошки аспект, ќе проговорам оти правото место за регионална депонија за Југозападен регион е струшкиот дел, односно регионот каде завршува езеро Глобочица и повторно се формира реката Црн Дрим.

Депонијата ќе биде изградена по сите европски и светски еколошки стандарди, за да не се врши никакво загадување во тој дел каде ќе се изгради регионална депонија.

Подземните води од депонијата нема никаде да понираат, ниту ќе се користат за наводнување на некоја земјоделска површина, односно за наводнување на земјоделски култури.

Подземните води кои се неупотребливи од еколошки аспект директно ќе понираат во реката Дрим и несметано ќе истекуваат во Јадранско Море.

Охридското Езеро кое располага со слатка вода, заедно со албанскиот дел од преку 58 км3 еколошки ќе остане чисто, богато со флора и фауна, како и голем економски потенцијал за снабдување со вода на Р. Македонија, Балканот, Европа и светот.

Брегот и плажите на Охридското Езеро во Охрид и Струга еколошки ќе останат чисти, односно водата на Охридско Езеро ќе биде еколошки чиста од прв и втор степен на загаденост, што е во интерес на развојот на езерскиот туризам во Охрид, Струга и Р. Македонија.

Локалните власти на Охрид и Струга, како идни концесионери на Охридското Езеро за лов и риболов, односно за масовен развој на спортскиот риболов поврзан со туризмот, кои ќе бидат економски моќни и јаки, да ги решат сите економски, еколошки, туристички развојни програми на Охрид, Струга и целото сливно подрачје на Охридско Езеро.

Апелирам до граѓанските здруженија на Охрид, Струга и Дебрца, да ја прифатат идејата на Евро–амбасадор Жбогар за изградба на регионална депонија во струшкиот дел по сите европски и светски стандарди и Југозападниот регион да добие современа еколошка депонија, а регионот да стане еколошки најчист регион во Р. Македонија.

Од Наумоски Лазо, дипл. инж. агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.