Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „задоволување полови страсти пред друг на јавни места“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.П. (25) од Скопје.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка“ во Охрид. Половото дејство на јавно место, пријавениот го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња по што и се приближил и започнал да ја допира. Таа го оттурнала сторителот, а набрзо по пријавувањето на настанот, полициските службеници го пронајдоа и приведоа во полициската станица.