Започнува Охридско Еко Лето

Денес на пладне, па во наредните денови во организација на Еко-свест во Охрид ќе се случува Охридско Еко Лето. Настанот ќе се одржи од 26 – 30 Јули во Хотел Метропол, Охрид.

Покрај тоа што се ризница на културно наследство и археолошки локалитети, Охридското крајбрежје и планината Галичица се и подрачја со исклучителни природни вредности, ендемски и ретки видови флора и фауна, меѓу кои и такви кои содржат информации за еволутивниот процес на Земјата.

Токму заради изедначување на важноста на културното со природното наследство организаторите решија настанот да го организираат за време на културните збиднувања во градот Охрид.

„Поради своите природни вредности регионот има многу можности за развој, меѓутоа токму развојот е причина за најголемите проблеми на Охридското крајбрежје.

И затоа секој ден од Охридско Еко Лето го структуриравме околу различна тема: Природа, ЕкоТуризам, Маврово, Одржливо живеење и Справување со отпад. Целта е да погледнеме документарен филм на темата кој подоцна би покренал дисусија на проблемите и наоѓање на можни конструктивни решенија во насока на зачувување на природното и културно богатство на овој значаен регион.“– додаваат организаторите.