Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните работи, беа ангажирани на повеќе локации во градот. Во текот на акциите, преку целиот ден, беше присутен в.д. директорот на претпријатието Александар Китески, кој ги координираше акциите а воедно изврши контрола на дел од единиците и ги посети вработените.
Една од акциите кои се извршија од раните утрински часови по налог на инспекцијата, беше чистење и уредување на просторот и плажата околу основното училиште “Св. Климент Охридски” во нас. “Даљан”, кој во летниот период го користат граѓаните, каде што беше собран комуналниот одпад и се беше уредно подигнато од страна на службите на претпријатието.
Се чистеше кејот од насобраниот окрек и реса.
Се чистеше фонтаната кај новиот плоштад, од земја, камења и отпад фрлен од страна на граѓаните, во координирана акција со МЈП “Проаква” и Ј.П. “Нискоградба”, и беа отстранети исушените садници во жардинериите, каде беа заменети со нови.
Се уредуваше паркот на “Пријателите”, на пешачката патека кај плажата “Амброзија”, каде се косеше израстената трева. Оваа акција ќе продолжи во текот на утрешниот ден.