Папата Франциско повика секоја европска парохија да прими бегалци

Секоја европска парохија и верска заедница да прифати по едно бегалско семејство како гест на солидарност. Ова е апелот на папата Франциско на денешното редовно неделно обраќање во Ватикан.

Неговите зборови беа проследени со аплауз од групата луѓе на плоштадот Св. Петар. Папата Франциско изјави дека Ватикан, каде има две парохии, ќе прифати две семејства на бегалци во следните денови.

Извор: Нет Прес