Утре, петок, 28ми јули, на бензинска станица на ОКТА лоцирана на ул. „Туристичка“ во Охрид, ќе се одржи настан како дел од кампањата „Јас Внимавам“ со претставници од ОКТА и Министерство за внатрешни работи кои ќе вршат контрола по случаен избор за поголема безбедност во сообраќајот.
На настанот ќе говорат охридскиот пејач Ѓоко Таневски и претставници од Биро за јавна безбедност при Министерство за внатрешни работи.