Од 4ти до 7ми август во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Денови на медот“

Манифестацијата „Денови на медот“ која првично беше предвидено да се одржи од 13 до 16 август 2017 година, на барање на Пчеларското здружение „Охрид“ од Охрид се презакажува и истата ќе се одржи од 4 до 7 август 2017 година.

На оваа манифестација, традиционално, се промовираат медот и производите од мед, а ваквите активности, истовремено, се одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.

Сите заинтересирани за учество на манифестацијата „Денови на медот“ може да се пријават на во просториите на Секторот за туризам и Лер, е-mail: info@ohiridler.com или на телефонскиот број 046 230 175.