Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
Електронското пријавување е активно од 28.07.2017 се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7.08 до 11.08.2017 година во Министерство за образование и наука. Повеќе околу потребната документација и конкурсот можете да најдете овде.
Би сакале да ве информираме дека, доколку сте конкурирале за прием во Државен студентски дом резултатите за прием на ученици ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот за сместување на студенти во домовите.
За подетални информации околу конкурсот обратете се на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147, или на следнaта електронска адреса: sadije.sefa@mon.gov.mk
Конечни листи за прием на ученици од првиот приемен рок:
1. „Мирка Гинова” – Битола
2. „Лазар Лазаревски” – Велес
3. „Крсте П. Мисирков” – Кавадарци
4. „Проф. Мијалковиќ” – Куманово
5. „Боро Менков” – Крива Паланка
6. „Ванчо Питошески” – Охрид
7. „Кочо Рацин” – Свети Николе
8. „Димитар Влахов” – Струмица
9. „Здравко Цветковки” – Скопје
10. „Д-р Панче Караѓозов” – Скопје
11. „Св. Наум Охридски” – Скопје
12. „Димитар Влахов” ЗРО – Скопје
13. „Партение Зографски” – Скопје
14. „Искра” – Штип
Во прилог е табелата со слободни места во јавните училишни домови во вториот рок за сместување.