2 август – Денот на Републиката неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 август 2017 година (среда), Денот на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.