Препораки на АХВ за намалување на ризикот од појава и ширење на вектор преносливите болести

Со цел зголемување на мерките за претпазливост и заштита на здравјето на луѓето и на животнитен од појава и ширење на векторпреносливите болести (болести кои се пренесуваат со вектори – инсекти, крлежи, комарци или преку глодараи), Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се спроведуваат следните безбедносните мерки кои се од особена важност за намалување на ризикот за можна појава на овие болести:

1.Зајакнување на биосигурносните мерки на ниво на одгледувалишта;

2.Одгледувачите потребно е да ги заштитат животните од инсекти и да извршат дезинсекција, дезинфекција и дератизација на одгледувалиштето, опремата, возилата и да спроведат третман против ектопаразити;

3.Ветеринарните друштва со стручни совети и услуги да им помогнат на одгледувачите во спроведувањето на биосигурносните мерки.

4. Корисењето на водата и добиточната храна да биде од сигурен контролиран извор

5. Редовно да се чисти изметот од објектите, соодветно да се отстранува и пакува

6. Во периодот на активност на векторите животите да бидат затворени

7. Да се постават мрежи на прозорците, вратите, отворите за вентилација

8. Безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло Ѓубрето од животинско потекло ги привлекува инсектите (муви, комарци, мушички и други инсекти) кои многу често играат улога на вектори – преносители на одредени заразни болести кај животните и луѓето.

7.Користење на лични заштитни мерки, користење на облека и ракавици при работа со животни, ткива и материјали од страна на стручни лица.

8.Забрана за користење на млекото кое не е термички третирано

Одгледувачите имаа обврска согласно Законот за ветеринарно здравство навремено да известуваат за појава на сомнеж на болест кај животните и нивна изолација до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор или до ветеринарниот инспектор.