Писмо: Проблемот со Дивата депонија во Струшкиот дел, нејзиниот постанок и влијание врз животната средина

ОБРАЌАЊЕ

Повод: Дивата депонија во Струшкиот дел, нејзиниот постанок и влијание врз животната средина.

Почитувани претставници на Централната власт на Р. Македонија,

Почитувани претставници на локалните власти на Р. Македонија,

Почитувани претставници на медиумите,

Проблемот со прифаќањето на цврстиот отпад во Р. Македонија се уште целосно не е решен, односно се уште не се изградени регионални депонии по сите европски и светски стандарди во прифаќањето и обработката на отпадот во Р. Македонија.

По изборот на местото за изградба на една Регионална депонија, од еколошки аспект, мора да се внимава:

– Депонијата да се изгради по сите европски и светски стандарди.

– Подземните и површинските води од депонијата да не ја загадуваат почвата, ниту да се користат за наводнување на земјоделски каде се одгледуваат земјоделски култури.

Струшката депонија претставува дива депонија, една од многуте во Македонија.

Палењето на сметот од дивата депонија е еден од начините за елиминирање на отпадните материи, со кои доаѓа до оксидација на материите без оглед на природата на материјалот.

Со палењето, се намалува волуменот на отпадот од 85-90%, како и тежината на отпадниот материјал за 75-80%.

Трошоците за транспорт на изгорениот отпад од дивата депонија до соодветното место се многу ниски во однос на трошоците на транспорт од неизгорен отпаден материјал. Ова го нагласуваме со оглед дека нема регистрирана депонија во овој дел од Македонија, а отпадот мора да се транспортира до соодветната депонија.

Остатокот од согорениот отпаден материјал е минимален, и не претставува опасност по здравјето на луѓето и по животната средина.

Со почит

Дипл. инг. агроном, Лазо Наумоски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.