Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Милан Јазбец.
На средбата Дураки и Јазбец се согласија дека досегашната соработка меѓу двете држави покажа одлични резултати, при што успешно беа реализирани повеќе проекти и програми во областа животна средина.
Воедно, како можни проекти за идна билатерална соработка помеѓу министерствата за животна средина и просторно планирање на двете држави, беа идентификувани проекти за подобрување на интегрираното управување со водите, како и размена на искуства во постигнувањето на европските стандарди во животната средина.
Двајцата министри изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за продлабочување на истата.