Охрид блесна во новогодишен сјај

Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на Охрид. Ѕвезденото небо веќе е поставено над охридската чаршија, а до крајов на оваа недела треба да бидат поставени и останатите декорации на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Денес и утре ќе се декорира и светилникот на пристаништето каде ќе има прскалка со дијаметар од три метри.

Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана е и фирмата „Метал Ват “ од Скопје којашто беше избрана за најдобар понудувач по претходно распишан оглас на Локалната самоуправа.