Во организација на Здружението за спортови на вода Акватика Јахтинг, а со поддршка од Општина Охрид, во деновите 29 и 30 јули 2017 година, во водите на Охридското езеро се одржа Меѓународната едриличарска регата – Охрид 2017. На овој натпревар учествуваа 15 едрилици со 3 члени екипаж, во две класи Микро и Минитонци. Настапија клубовите Акватика Јахтинг и Пират од Охрид, Снегар од Струга Струга, АрС Вивенди од Скопје и гости од Белград-Србија.
Официјалното отворање беше 10 часот во саботата (29.07) на главното градско пристаниште каде беа собрани сите едрилици и натпреварувачи. Регата за отворена ја прогласи заменик Градоначалникот, Ангел Јанев.
Во двата дена се изедрија 3 трки, а потоа се прогласија и победниците во двете класи. Регатата беше посветена на лицата со ретки болести и поддршка на нивните семејства. Целта на одржувањето на оваа регата е популаризација на едрењето во нашиот град, не само како спорт туку и како здрав начин на живот.