Честитка од министерот Спасовски по повод Илинден

По повод празникот – “Илинден“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи на граѓаните на Република Македонија им го честита националниот празник. Илинден 1903 и Илинден 1944 се две нераскинливи алки од нашиот опстој низ времето и од вековниот стремеж за слободна Maкедонија.

Mинистерот Спасовски им го честита празникот Илинден и на сите вработени во македонската полиција со уверување дека полицијата секогаш ќе биде на висината на задачите кои, согласно законите и Уставот на Република Македонија, стојат пред неа.