Положено свежо цвеќе пред бистите на Илинденските херои

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и борците во градскиот парк.

Свежо цвеќе положија и делегации од Сојузот на борци на Народно Ослободителната Борба, советници од Советот на општина Охрид, политички партии, останати претставници од јавниот живот и граѓани.

Делегација од општина Охрид денеска во село Плаќе положи цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец.