Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,тешка телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.М. (28) и И.С. (22), двајцата од Охрид.
Пријавените, казненото дело го сториле на 26-ти јуни оваа година околу 16 часот во дворно место од куќа сопственост на Ѓ.М. од Охрид. Тука, пријавените започнале вербална расправија со него, а потоа физички го нападнале. Притоа, првопријавениот В.В.М. фрлил со столица према оштетениот и го удрил во пределот на десната рака, додека второ пријавениот И.С. физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Оштетениот Ѓ.М. бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница Охрид, каде со извештај на специјалист се констатирани тешки телесни повреди.