Шкендија обезбеди пласман во плеј-офот за Лигата Европа

Тимот на Шкендија успеа втора година по ред да стигне до плеј-офот од квалификациите за пласман во Лигата Европа.

Денес во Струмица, Шкендија го совлада литванскиот Тракаи со 3:0. Стрелци на головите беа Ибраими во 29 минута и Хасани во 42 и 88 минута.

Дополнително ќе биде извршено извлекувањето по што ќе биде познат противникот на Шкендија во плеј-офот од квалификациите за групите во Лигата Европа.

Минатата година Шкендија во плеј-офот беше елиминирана од белгискиот Гент.

WebOhrid