Вчера се исплатија близу 330 милиони денари за субвенции за сточарство, полјоделство, рибарство, тутун и за млад земјоделец.
Од оваа сума околу 80 милиони денари се за субвенции за јагне, 88 милиони денари за крави, 20 милиони денари за млеко, за полјоделски култури се исплатени околу 54 милиони денари, за субвенции за свињи се исплатени 21 милиони денари, за кози 52 милиони денари.
Останатата сума што вчера се исплати е за субвенции по основ на корериграни сметки за тутун, но и за субвенции за рибарство и за млад земјоделец.
„Ве информираме дека во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година.“- велат од Министерството.
Во следниот период Владата, континуирано ќе работи на навремена исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.