Донесени се одлуки од важност за Планот 3-6-9, од интерес за локалната самуправа и за прашања за енергетиката
Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата 22 седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес за граѓаните на Република Македонија.
На денешната седница ја донесе Уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2018 година. На седницата беше истакнато дека оваа уредба спаѓа во делот на оние документи од осбена важност за рамномерниот развој на општините како дел од стратешките определби на Владата на Република Македонија. Во дискусијата по оваа точка, членовите на владата очекуваат и дполнителни мислења од ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, врз основа на кои ќе се градат идните политики за зголемување на процентот од приходите на додадена вредност кои од буџетот на Република Македонија се наменети за општините.
Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со побарувањата на Министерството за финансии по основ на користен кредит од страна на Мешовитото јавно претпријатие Проаква Струга по основ на Поддоговорот за кредит од Акционата програма за унапредување на општините и животната средина, и донесе одлука за укажување до општините Струга и Охрид, како и до МЈП Проаква Струга, во рок од една недела, да достават до Министерството за финансии барање со предлог за исплата на обврските согласно Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по договорот за проектот „Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга“. Оваа одлука на Владата на Република Македонија е во соласност со определбата на владата да изнајде трајно решение за состојбата со долгот по овој основ што го имаат општините Струга и Охрид, што претставува сериозна пречка во нивното работење.
На дневниот ред на 22 седница на владата, денеска беше разгледана и информацијата за Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година, и заклучи овој извештај да биде доставен како информација до Собранието на Република Македонија.
Владата на Република Македонија ја денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на работни групи за подготовка на нацрт текст на нов Закон за енергетика. Во оваа насока Министерството за економија во координација со Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов Закон за енергетика со претставници од Кабинетот нa Претседателот на Владата, Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторна комисија за енергетика, за подготовка на одредбите кои се однесуваат на пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати и обновливите извори на енергија.
На предлог на Министерството за внатрешни работи, владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.
Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, владата ги задолжи Министерство за правда и Министерство за финансии (Управа за јавни приходи; Царинска управа; Управа за финансиска полиција; Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.
Владата да ја разгледа Информацијата за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие Македонија. Владата донесе одлука Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие Македонија пат да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150 000 000,00 денари за потребите на ЈП Македонија пат, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување на корупцијата.
На денешната седница на владата беше разгледана и усвоена информацијата за утврдените активности со Регионалните бизнис центри формирани во рамките на Центрите за развој на планските региони. Дополнително владата го задолжи Министерството за локална самоуправа до декември 2017 година да ја информира Владата на Република Maкедонија за степенот на реализација на aктивностите утврдени во договорите за поддршка на aктивностите на регионалните бизнис центри формирани во рамки на Центрите за развој на планските региони, за 2017 година.
Нa денешната 22 седница, Владата на Република Македонија разгледа и усвои повеќе извештаи за работењето на јавни претпријатија, како и извештаи за реализација на годишни програми во надлежност на владата.
Категорија:
Седници на Влада