Кражба во аптека во Охрид

Вчера околу 22:00 часот, во Охрид на ул. “Питу Гули“, во аптека на „Зегин“, од страна на непознато лице, со закана со пиштол извршено е разбојништво над двајца вработени, при што од касите биле одземени околу 60.000 денари од дневниот промет.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.