Кривична пријава за жител од Тетово поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.Џ. (42) од Тетово.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 18-ти јуни оваа година во 15 часот и 40 минути во близина на селото Колари. Тука, при средба со Ј.Ј. од истото село, настанала жестока меѓусебна вербална расправија. Притоа, сега пријавениот посегнал по огнено оружје пиштол со кое, на Ј.Ј, можел да му нанесе тешки повреди и му упатил сериозни закани предизвикувајќи му страв и силна вознемиреност.