Утре ќе биде промовирана книгата „Коста С. Шахов Публицистика“ од Томе Груевски

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Здружението „Базилика“ – Мешеишта организираат промоција на книгата „КОСТА С. ШАХОВ ПУБЛИЦИСТИКА“ од авторот Томе Груевски.

Промотори на настанот се проф. д-р. Зоран Костов и проф. д-р. Марко Китески. Промоцијата ќе се одржи утре – 15.08.2017 (вторник) во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.