Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени конечните резултати од вториот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
„Воедно би сакале да Ве информираме дека, доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнети и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13). Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2017 година.“- велат од МОН.
Конечни листи за прием на ученици од вториот приемен рок:
1. „Мирка Гинова” – Битола
2.„Лазар Лазаревски” – Велес
3. „Крсте П. Мисирков” – Кавадарци
4. „Проф. Мијалковиќ” – Куманово
5. „Боро Менков” – Крива Паланка
6. „Ванчо Питошески” – Охрид
7. „Кочо Рацин” – Свети Николе
8. „Здравко Цветковски” – Скопје
9. „Д-р Панче Караѓозов” – Скопје
10. „Св. Наум Охридски” – Скопје
11. „Димитар Влахов” ЗРО – Скопје
12. „Партение Зографски” – Скопје
13. „Искра” – Штип