Конечни резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во вториот приемен рок

Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени конечните резултати од вториот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

„Воедно би сакале да Ве информираме дека, доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнети и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13). Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2017 година.“-  велат од МОН.

Конечни листи за прием на ученици од вториот приемен рок:

1. „Мирка Гинова” – Битола

2.„Лазар Лазаревски” – Велес

3. „Крсте П. Мисирков” – Кавадарци

4. „Проф. Мијалковиќ” – Куманово

5. „Боро Менков” – Крива Паланка

6. „Ванчо Питошески” – Охрид

7. „Кочо Рацин” – Свети Николе

8. „Здравко Цветковски” – Скопје

9. „Д-р Панче Караѓозов” – Скопје

10. „Св. Наум Охридски” – Скопје

11. „Димитар Влахов” ЗРО – Скопје

12. „Партение Зографски” – Скопје

13. „Искра” – Штип