Охридскиот народен театар утре ќе гостува на фестивалот „Бит Фест“ во Битола

Народен театар Охрид, утре ќе гостува на фестивалот „БИТ ФЕСТ“ во Битола. Охридскиот народен театар, утревечер со почеток во 20.:00 часот ќе ја изведе претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, режија Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.