Фондацијата „Капинков“ од Перт донираше чанти и училишен прибор за првачињата во Дебрца

Денес во Oпштина Дебрца, познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков ја предаде донацијата од фондацијата „Капинков”.

Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ да имаат комплет училишен прибор и чанти за новата учебна година. За оваа донација која се реализира веќе традиционално неколку години наназад, Градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.