Ќе се одбележат 74 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“

По повод 74 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ – Првата регуларна единица на Македонската Народноослободителна војска и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца организира свечено одбележување на 18 Август 2017 година (петок), а заради забраната за движење низ шуми, ќе се реализира во с.Годивје со следната:

П р о г р а м а

СЕЛО ГОДИВЈЕ 10:00 часот:

– Полагање на свежо цвеќе на спомен-плочата на паднатите борци.

– Поздравна реч на ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска.

– Пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца Гоце Георгиески.

– Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

– Посета на спомен-собата од НОБ.