Бугарски државјанки краделе во продавници за облека во Охрид

На 17.08.2017 година во 20,00 часот во ПС-Охрид, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки кражби“, во продавници за облека биле приведени В.Р.С. (22) и Г.П.Г. (27), двете од Р.Бугарија.

Истите биле задржани во полициска станица и се предадени во Основното јавно обвинителство-Охрид за понатамошна постапка.