Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ја посетија изложбата на борбени средства, техника и воена опрема на Армијата на Република Македонија. За време на изложбата беше изведена посебно подготвена вежба на Баталјонот за почести и показна вежба од страна на центарот за обука и дресура на кучиња.