Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 18 август 2017 година, петок, ќе се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, што ќе се одржи на Воениот стадион – Скопје со почеток во 19:00 часот.
По повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Иванов со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Командата за обука и доктрини, Баталјонот за почести и Четвртиот механизиран пешадиски батајлон на Армијата на Република Македонија. Орденот за воени заслуги се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Македонија во меѓународни рамки.
Свеченоста е во рамки на програмата за одбележување на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.