Германецот Стунџиски победник на Охридскиот пливачки маратон

Во крајно неизвесниот финиш на 31,Охридски пливачки маратон, на кој учествуваа 22 маратонци, блегоа седум пливачи во машка и женска конкуренција. Најбрз и највешт беше Александар Стуџински од Германија кој победи пред нашиот пливач Евгениј Поп Ацев и Аргентинецот, Гилермо Бентола.

Пливачите на целта на градското пристаниште ги пречекаа покровителот, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и организаторот на манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески, кои на првопласираните им дадоа лаворови венци.

„Не очекував да победам. Минатата година имав операција на десното рамо и ова ми е само втора маратонска трка по операцијата. Целта ми беше да завршам во првите пет, и навистина не очекував победа. Уживам да пливам во Охридското Езеро каде за прв пат настапив во 2006 пред 11 години.“ – изјави победникот Стуџински.

Во женска конкуренција триумфираше Италијанката Барбара Поцбон која исплива рамноправна трка со машките маратонци.