Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработените проекти од 2013-2017 година.
„Изградени се вкупно 22 улици и помали улички, со вкупна должина од 14,2 км, со вкупна вредност од 706.110,0 евра. Изградени и реконструирани се вкупно 9 водоводни мрежи и реконструкција на водоводни системи, изградени се вкупно 4 канализациони системи, сите тие со вкупна должина од 29,5 км, со вкупна вредност од 820.000,00 евра. Реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно 11 основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Дебрца, изградено е ново основно училиште во Волино, а реконструирани се основните училишта во Требеништа, Ботун, Лешани и Оровник, сето тоа со вкупна вредност од околу 210.000,0 евра. Изградени и реконструирани се вкупно 7 повеќенаменски и фудбалски игралишта, и тоа, изградени се нови фудбалски игралишта во Оровник и Горенци, реконструирани се игралиштата во Ботун и Волино, а исто така извршена е реконструкција на фудбалските игралишта за голем фудбал во Злести, Волино и Белчишта, сето тоа со вкупна вредност од над 100.000,0 евра. Или, поконкретно еве само дел од поголемите проекти: Изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци, Изградба на Фекална канализациона мрежа во село Мешеишта, Изградба на Фекална канализациона мрежа во село Горенци, Изградба на резервоар за вода и Реконструкција на водоводна мрежа во село Требеништа, Изградба на Спортска сала “АМИНТА III” во село Требеништа, Изградба на пешачка патека покрај Охридското езеро во Оровник, Изградба на ново учичиште во Волино. Ова е само дел од сето она што е сработено во изминатите четири години, а реализирани се преку 75 проекти од областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот, туризмот и секојдневниот живот.“– истакна градоначалникот Трајкоски и уште додаде:
„За мене како човек, големо значење имаше поддршката што ја добив од локалното население, како предизвик и мотивација, за реализација на проектите што рековме дека ќе ги исполниме и мерките што ветивме дека ќе ги спроведеме. Вербата во развој, сигурна иднина и пристоен живот се преточени во реализираните проекти.
Моја крајна желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење. Сето ова може да се постигне со заедничка работа, Работа која носи подобро.“- додаде Трајкоски.