НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Р.В. (40) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.08.2017 година во 06.30 часот, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во патничко возило „Ауди“, каде биле пронајдени 19,9 грама бела прашкаста материја, сува непозната растителна материја со тежина од 1.169 грама и три куршуми непознат калибар.