Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата „ОХРИДСКА СОФРА“, која ќе се одржи во сабота (02.09.2017) во селото Скребатно.
Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од активната и непосредна презентација на целокупната понуда во сегментот на алтернативните форми на туризмот може да се пријават во Секторот за туризам и ЛЕР 046 230 175 или на меил адресата info@ohridler.gov.mk најдоцна до 29.08.2017 година.