Германија и ЦИА соработувале за шпионирање џихадисти

Германските тајни служби години наназад соработувале со ЦИА за шпионирање осомничени џихадисти и нивни приврзаници во Германија.

Германските тајни служби БНД и Верфасунгшуц и ЦИА ги анализирале собраните податоци за исламисти и осомничени за тероризам во Германија во рамките на операција наречена „Проект 6“.

Американските и германските служби уште во 2005 година изнајмувале заеднички објекти во Германија, а подоцна се префрлиле во Келн. Според БНД, таквата соработка започнала во 2010 година, а потврдено е дека постојат такви бази на податоци.