„Моја Ангела” е новата песна на Христијан Стојоски

Христијан Стојоски кој е доста млад и успешен музичар и пејач овој период од летото покрај настапите во живо тој ја најави и новата песна која ќе излезе на крајот од оваа летна сезона. 

Исто така Христијан ни го откри насловот на песната и ни кажа нешто повеќе за неа.

„Текстот, музиката и аранжманот на песната ги направив самиот. Се надевам дека ќе биде добро прифатена од страна на слушателите. Не би сакал повеќе да откривам наскоро ќе имаат можност да ја слушнат и самите да оценат.“-  вели Христијан.

WebOhrid