Вчера околу 14:00 часот во близина на зелениот пазар во Струга, на В.Л.Ј.(53) од Кралство Холандија, додека се движел пеш, му се слошило и паднал во полусвесна состојба, при што се самоповредил во пределот на главата.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Јавна здравствена установа-Општа болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош, по што бил испратен во Медицински центар Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување.