Вчеравечер во Скопје, почина Огнен Чемерски (42), истакнат преведувач, лектор и асистент по предметите теорија и практика на преведувањето, преведување од македонски на англиски јазик и обратно и симултано толкување на Κатедрата за англисκи јазиκ на Филолошкиот фаκултет „Блаже Κонесκи“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски упати телеграма со најдлабоки изрази на сочувство до семејството.
„Длабоко не потресе веста за прераната смрт на нашиот истакнат преведувач, книжевен теоретичар и член на академската заедница, Огнен Чемерски. Неговиот придонес со преводите на некои од најзначајните дела од светската книжевност е непроценлив, а неговата борба за едно поправедно општество преку искрениот граѓански активизам остава траен белег, што не обврзува сите нас. Дозволете ми во мое лично име, но и во име на Министерството за култура, да Ви упатам изрази на искрено сочувство и поддршка за семејството и најблиските на нашиот драг пријател, другар и соработник“, се вели во телеграмата упатена до семејството Чемерски.
За читателската публика, Огнен Чемерски е препознатлив по преводот на македонски јазик на капиталното дело „Моби Дик“ од Херман Мелвил, како и по неговите препеви од поезијата на Вилијам Батлер Јејтс.