ВМРО-ДПМНЕ: Покажавме како се сака Охрид, со најголем број реализирани проекти во историјата на овој град

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Давањето отчет за сработеното ВМРО-ДПМНЕ го востанови како сериозна практика, стандард кој ниедна претходна власт не го практикувала.

СДС Охрид повторно најде за сходно да реагира, со на нивни својствен начин – неаргументирано, произволно, безидејно. Зарем цели 24 часа беа потребни за да објават празни флоскули и дезинформации? Тоа значи дека им требало вистина многу време за да го сфатат и разберат Отчетот.

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и транспарентна политичка партија секогаш излегува со отчет пред народот за сработеното. ВМРО – ДПМНЕ Охрид продолжува да се раководи по начелата на принципиелност и одговорност во работењето, како и транспарентност и отчетност во однос на ветеното и сработеното.

Дадениот збор во ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески, претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески покажаа како се сака Охрид. Со најголем број реализирани проекти во историјата на овој град со посветеност, љубов и разбирање им помогнаа на луѓето и со тоа го направија нивниот живот поразличен, подобар, поквалитетен во повеќе сегменти за разлика од порано.

Она што политички опоненти од СДС Охрид го говорите се празни зборови и нереални ветувања, затоа и не може да ви се верува затоа што со урбаната деградација направивте од Охрид – град на духови, уништувајќи го со тоа развојот на туризмот во нашиот град, задолжувајќи го градот со над 2 милијарди и 38 милионски долг, кој долг до ден денес ја кочи работата на Општината во смисла на реалиизирање на уште поголеми и позначајни проекти. Ете  тие се бројките пред кои вие се прават слепи при очи.

Крајно дрско е што си дозволувате да испратите соопштение во кое отворено ќе кажите што с`е требало вие да направите за Охрид, а не сте направиле. Кратко време ли е цели осум мрачни години за да изградите Дом за стари лица?

Вистината е дека Домот за стари лица е реалност благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески. Да се потсетиме што направи вашиот градоначалник, само еден кружен тек сликан од различни перспективи. С`е што вие оставивте беа долгови по угостителски објекти на општинската сметка. Факт е дека во овој момент во Општината е стабилизирана финансиската состојба и долгот постојано се намалува затоа што се вратени 13 милиони евра по сите основи и се исплатени сите обврски во нашиот мандат.

На овој град му е доста од СДС и вашите погубни политики. Вашиот т.н. „живот“ почна со опструкција на започнатите капитални проекти.

Пред вистината и боговите молчат и вие…

Да, има разлика затоа што Охрид доби современо јавно осветлување, пет современи кружни текови и шест плоштади, девет детски и спортски игралишта како и фудбалски терен со вештачка трева, асфалтирани патишта во Охрид и руралните средини, атрактивни пешачки патеки, нови и реконструирани училишта, големи меѓународни спортски натпреварувања, значајни културни проекти за заштита на културното наследство, конкурентност на светскиот туристички пазар преку промозција на Охрид и директни авионски линии, отворање нови работни места за граѓаните преку фабриките „Одв Електрик“, „Костал“ и ред други проекти опфатени во Отчетот којшто не е како вашите лажни памфлети со кои мафтате.

Токму на 15 октомври граѓаните ќе направат разлика, бидете подготвени за 12-от пораз. Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата меѓу нас и вас.

Посветеноста, реализацијата на програмата, и начинот на водење на политиката вроди со плод покажувајќи како е да се гради, како треба да се грижиш за своите сограѓани, да помагаш и кој е правиот пат за успешен развој на нашиот град.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.